ВМРО-ДПМНЕ: „Рекет“ да го преземе друг обвинител, Рускоска дозволува Јанева да уништува докази!

0

Продолжува судирот меѓу власта и опозицијата и по втората снимка објавена во случајот „Рекет“.ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Заев и од одземање на случајот Рекет од обвинителката Рускоска која го изгубила кредибилитетот.

СДСМ, од друга страна, ја обвини опозицијата дека е вклучена во предавањето на материјалите на италијанскиот весник кој ги објавува „бомбите“.

За време на прес-конференцијата која пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска – Ванчева ја одржа пред Белата Палата, од седиштетото на ВМРО-ДПМНЕ и пуштаа музика од филмот „Кум“.