Камчев до Боки: Сакам да сум на чисто; Боки13: Спреми ги парите!

0

Два часа парите се рачно броени и врзани со ластичиња, сместени во стилизирано куферче како што одговара на стајлингот на Боки 13, се шегува Орце Камчев со Бојан Јовановски во новата снимка од 12 ипол минути која утрово ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“.

Орце Камчев: „Спецификација сум ти направил, да видиш, прво одделение. Краснопис. Се надминав себеси и новини ставив одозгора, бугарски,  хахахахаа

Разговорите ги водат Камчев, Боки 13 и Зоки Кичеец. Тогаш, бизнисменот Камчев е во домашен притвор за предметот „Империја“, а денес, двајцата соговорници во Шутка како единствени осомничени за рекетирањето. Камчев во аудио снимката вели дека е подготвен да плати, но сака да биде на чисто.

Орце Камчев:  Шефе јас чекам да ми кажеш. Ја и ти се гледаме во очи, јас и ти завршуваме и ја завршуваме прикаската. Ќе ти кажам, може вака, може вака, може вака, ти викаш може…

Боки 13: Сукцесивно

Орце Камчев: A?

Боки 13: Сукцесивно.

Орце Камчев: Не, па од овде никако не може да се направи, јасно, јасно.

Боки 13: …Наредната недела спреми ги.

Боки 13 му гарантира на соговорникот дека работата ќе биде завршена за три лица за кои преговара. Се разговара и за опциите колку би изнесувал рекетот доколку предметот се префрли во републичкото обвинителството па Јовановски вели дека тогаш СЈО би предал само дел од предметот. Ако се предава на редовното обвинителство, или ако продолжи да биде надлежно СЈО, сумата би била различна, му вели Јовановски на Камчев.

Бојан Јовановски (Боки 13) : „Доколку продолжи СЈО да го работи предметот, првата ставка ќе биде укинување на мерката куќен притвор, основни кои ќе ви ги кажам и датум кој ќе ви го кажам. Дали во истиот моментум или недела дена, десет дена подоцна, со некакви договори со странски компании кои он ги има, ќе му биде вратен пасошот.“

Разговорите најверојатно се снимани во затворена просторија. Дел од аудио снимката кореспондираат со вчерашното видео на „Ла Верита“ за тоа како Боки 13 и Зоки Кичеец влегуваат во домот на Камчев во Злокуќани и ги земаат парите во ташна „Луј Витон“. Редовното обвинителство негира дека снимките протекуваат од кај нив, но при обелоденувањето на истрагата „Рекет“, Јовески и Рускоска кажаа дека за случајот постојат аудио и видео докази.